Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија

  • ДОМА
  • ФИЛМОВИ
  • КНИГИ
  • ВЕСТИ
  • КОНТАКТ

20 години респект за „Респект“

10 МАЈ(САБОТА) 20:00

РЕСПЕКТ

документарен филм; 2005 година

формат: DV

времетраење: 15 мин / 45 мин

продукција: АКК-Скопје

Скопје 2005 година. Електронската музичка сцена поминува низ своите најубави години. Покрај многуте правци од ваквиот тип на музика, и фактот дека современата електронска музика е веќе дел од поп-културата, drum and bass (или jungle) жанрот останува да биде специфичен на свој начин, нудејќи поврзување на многубројни музички стилови во уникатно музичко доживување.

„Респект“ е краток документарен филм за македонската drum and bass музичка сцена во периодот на почетокот на 21виот век. Филмот е реализиран во продукција на Академскиот кино клуб од Скопје, со поддршка од организацијата Macedonian Junglist Movement. Автори на филмот се Мице Чаповски (режија) и Жана Живадиновиќ / Арангел Ангов (сценарио). Главните протагонисти на овој филмски и музички проект се тогашните активни DJ-и: Емил Хаџипанзов, Дарко Степиќ, Димитар Ризов, Горан Голубовски, Трајче Петрушевски и Илија Чулев. Преку нивните документарни разговори успеваме да дознаеме што всушност претставува овој тип на електронска музика, каква е нејзината распространетост и популарност во Македонија, која е нејзината публика, проблемите со коишто се соочува, и која е пораката што ни ја пренесуваат главните актери во филмот. „Респект“ претставува своевиден извадок, документ, којшто во вистинско светло ќе ви ја долови атмосферата на тогашната македонска drum and bass сцена.

По проекцијата на кратката верзија од овој музички документарец, ќе следи дискусија со авторите на филмот и дел од DJ-те коишто учествуваа во него, каде што тема на разговор ќе биде развојот на македонската drum and bass сцена.

Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија

Кинотека на Северна Македонија е национален филмски архив основан во 1974 година, а неговата цел е собирање, чување, зачувување, обработка, истражување и презентирање на филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго значење, особено за националното филмско наследство.

  • Facebook
  • Twitter
  • YouTube
  • LinkedIn
Брзи Линкови
  • ДОМА
  • ФИЛМОВИ
  • КНИГИ
  • ВЕСТИ
  • КОНТАКТ
Контакт

Адреса: Никола Русински бр. 1

Телефон: + 389 2 30 71 814 + 389 2 30 65 968

Телефон за резервации во киносала: + 389 2 306 59 68;  моб:075 451 424

Факс: + 389 2 30 71 813

E-mail: kinoteka@ukim.edu.mk

Директор: Бошко Грујоски, директор

Раководител на архив: igors@maccinema.com

    Copyright © 2025 ·

    Кинотека на Македонија

    · All rights reserved