Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија

  • ДОМА
  • ФИЛМОВИ
  • КНИГИ
  • ВЕСТИ
  • КОНТАКТ

ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ

3 СЕПТЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.

Игран филм,: Р. Македонија, Чешка Република

2012, 109 минути мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио: Митревски Дарко

Улоги Ангелов Игор, Апостоловски Митко, Коцев Сашко, Митковски Оливер, Михајловски Тони, Недеска Верица, Рубен Емил, Шербеџија Раде, Бајрам Северџан, Ивановска Катарина, Куновска – Матевска Софија, Самел Рихард, Цветковски Гораст

Содржина: „Трето полувреме“ е комплексна историска филмска приказна со мелодраматични елементи, на тема холокауст, раскажана од гледна точка на остарената Еврејка Ребека Коен. Имено, кога по 70 години отсуство остарената Ребека за прв пат доаѓа во својот роден град Скопје, таа на својата правнука Американка, нејзината придружничка, ù ја раскажува сопствената животна приказна, поточно годините 1941-1943, периодот на нејзината младост, но и најдраматичниот период од нејзиниот живот, кога се вљубува во фудбалерот од друга вера, Македонецот Коста, и кога во логорите на смртта го губи својот татко, богатиот банкар Рафаел Коен.

Во филмската приказна се испреплетуваат два наративни тека. Во првиот тек на нарацијата, преку личната приказна на Ребека Коен и на нејзините блиски, татко ù Рафаел, другарката Жамила, слугата Пепо и рабинот, претставена е судбината на Евреите од Македонија, кои во најголем број завршуваат во концентрацискиот логор Треблинка.
Во вториот наративен тек е раскажана приказната за фудбалскиот клуб „Македонија“, фудбалерот Коста и неговите соиграчи, директорот на клубот Димитрија и тренерот Рудолф Шпиц, Германец кому по бугарската окупација ќе му биде откриено еврејското потекло. Фудбалерот Коста, кој се вљубува во Ребека која подоцна, и покрај противењето на татко ù ќе стане негова жена, е ликот што ги поврзува двете наративни нишки.

Во филмската приказна, на интертекстуално ниво, преку недобројни информанти во форма на реплики, цитати од весници, историски реминисценции и архивски снимки, се скицира времето и амбиентот во кое се одвива приказната, српската окупација на Македонија пред Втората светска војна, но и бугарската окупација за време на Втората светска војна, при што особено е впечатлив негативниот лик на полковникот Гарванов.

Документаристички информанти не недостасуваат ниту во сегашното време на нарацијата, во 2011 г., во времето во кое раскажува Ребека, во кое се преставени изгледот на денешно Скопје и „Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија“ отворен во Скопје.

Расплетот на филмската приказна повторно е содржан во двете наративни нишки: Евреите од Македонија, сите блиски на Ребека се испратени во логор, а откако на фудбалскиот клуб „Македонија“ неправедно му е одземена титулата во првенството на Царството Бугарија, Димитрија се жртвува така што му го поштедува животот на тренерот Рудолф Шпиц овозможувајќи му да избега во западна Македонија, во италијанската окупациска зона каде што на Евреите гледаат поблаконаклоно, а тој се самоубива.

Разрешницата на љубовната приказна ù ја соопштува Ребека Коен на својата правнука, кажувајќи ù дека фудбалерите му се придружиле на партизанското движење на отпорот против фашизмот, за по војната, таа и Коста да се преселат прво во Израел, а оттаму во Америка, каде што им се раѓаат многу деца, внуци и правнуци.

Во поднасловот на филмот стои дека филмот е „инспириран од вистински настани“, а на одјавната шпица, на англиски јазик е наведено дека филмот ù е „посветен на Нета Коен, млада Еврејка што побегна со македонски фудбалер, го преживеа холокаустот и доживеа да го инспирира овој филм“.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија

Кинотека на Северна Македонија е национален филмски архив основан во 1974 година, а неговата цел е собирање, чување, зачувување, обработка, истражување и презентирање на филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго значење, особено за националното филмско наследство.

  • Facebook
  • Twitter
  • YouTube
  • LinkedIn
Брзи Линкови
  • ДОМА
  • ФИЛМОВИ
  • КНИГИ
  • ВЕСТИ
  • КОНТАКТ
Контакт

Адреса: Никола Русински бр. 1

Телефон: + 389 2 30 71 814 + 389 2 30 65 968

Телефон за резервации во киносала: + 389 2 306 59 68;  моб:075 451 424

Факс: + 389 2 30 71 813

E-mail: kinoteka@ukim.edu.mk

Директор: Бошко Грујоски, директор

Раководител на архив: igors@maccinema.com

    Copyright © 2025 ·

    Кинотека на Македонија

    · All rights reserved