Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија

  • ДОМА
  • ФИЛМОВИ
  • КНИГИ
  • ВЕСТИ
  • КОНТАКТ

НЕДЕЛА НА ПЕРУАНСКИ ФИЛМ

Овој месец Кинотеката со гордост го претставува циклусот на современ перуански филм, во организација  на  Амбасадата на Република Перу во Букурешт и почесниот Конзулат на Перу во Македонија. Програмата на оваа прва НЕДЕЛА НА ПЕРУАНСКИ ФИЛМ започнува во четврток, на 19 јуни, со проекција на играниот филм КРАЛИЦИ (Reinas, 2024) во режија на Клаудија Рејнике, а по сценарио на Рејнике и Диего Вега Видал, приказна фокусирана на односот помеѓу еден татко и неговите ќерки, и нивните општествени предизвици во денешно Перу.

Следниот ден, петок (20 јуни), ќе биде прикажан документарниот филм МИСИЈА КИПИ ( Misión Kipi, 2024) на режисерката Сонали Туеста – трогателен и инспиративен филм во кој главната улога ја има роботот наменет за дружење и социјализација со деца кои поминале низ периодот на изолацијата за време на пандемијата со Ковид-19.

Циклусот завршува во сабота, 21 јуни, со играниот ВКУСНО СУШЕНО ОВОШЈЕ (Deliciosa Fruta Seca, 2017) на Ана Каридад Санчез – филм што балансира меѓу фикција и документарен пристап, претставувајќи емотивна приказна жена во седмата деценија на животот соочена со финансиска криза, која го преиспитува својот идентитетот и културното наследство.

Сите три проекции се бесплатни за посетителите.

На отворањето на фестивалот свое обраќање ќе има Директорот на Кинотеката Бошко Грујоски, и почесниот конзул на Перу во Македонија Ненад Јаничевиќ.

Добредојдовте на првото филмско патување низ Перу!

Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија

Кинотека на Северна Македонија е национален филмски архив основан во 1974 година, а неговата цел е собирање, чување, зачувување, обработка, истражување и презентирање на филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго значење, особено за националното филмско наследство.

  • Facebook
  • Twitter
  • YouTube
  • LinkedIn
Брзи Линкови
  • ДОМА
  • ФИЛМОВИ
  • КНИГИ
  • ВЕСТИ
  • КОНТАКТ
Контакт

Адреса: Никола Русински бр. 1

Телефон: + 389 2 30 71 814 + 389 2 30 65 968

Телефон за резервации во киносала: + 389 2 306 59 68;  моб:075 451 424

Факс: + 389 2 30 71 813

E-mail: kinoteka@ukim.edu.mk

Директор: Бошко Грујоски, директор

Раководител на архив: igors@maccinema.com

    Copyright © 2025 ·

    Кинотека на Македонија

    · All rights reserved