Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија

  • ДОМА
  • ФИЛМОВИ
  • КНИГИ
  • ВЕСТИ
  • КОНТАКТ

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ КИНОТЕКА И ИНИ

Оваа недела, Н.У. Кинотека на РС Македонија потпиша Меморандум за соработка со Ј.Н.У. Институт за национална историја (ИНИ), потпишана од двајцата директори – Бошко Грујоски и проф. др. Митко Б. Панов. Соработката ќе се реализира преку советодавна и стручна поддршка, подготовка и реализација на заеднички проекти, конференции и изложби, проекти од издаваштвото, итн.

Двете институции веќе имаат соработувано на повеќе проекти, меѓу кои беше и долгогодишниот проект „Евидентирање, фотографирање, снимање и архивирање на видеоматеријали од разговори со Македонци протерани од Егејска Македонија во 20-иот век“, но сега, со потпишаниот меморандум – таа соработка се официјализира и станува пофокусирана во поглед на сферите на заеднички интерес.

Мисијата на двете институции, е слична – и двете, меѓу другото, како една од своите цели и активности ја имаат истражувачката дејност и презентирањето на материјали од историско значење – Кинотеката на полето на историјата на македонската кинематографија, а ИНИ во областа на историската наука општо.

Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија

Кинотека на Северна Македонија е национален филмски архив основан во 1974 година, а неговата цел е собирање, чување, зачувување, обработка, истражување и презентирање на филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго значење, особено за националното филмско наследство.

  • Facebook
  • Twitter
  • YouTube
  • LinkedIn
Брзи Линкови
  • ДОМА
  • ФИЛМОВИ
  • КНИГИ
  • ВЕСТИ
  • КОНТАКТ
Контакт

Адреса: Никола Русински бр. 1

Телефон: + 389 2 30 71 814 + 389 2 30 65 968

Телефон за резервации во киносала: + 389 2 306 59 68;  моб:075 451 424

Факс: + 389 2 30 71 813

E-mail: kinoteka@ukim.edu.mk

Директор: Бошко Грујоски, директор

Раководител на архив: igors@maccinema.com

    Copyright © 2025 ·

    Кинотека на Македонија

    · All rights reserved