Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија

  • ДОМА
  • ФИЛМОВИ
  • КНИГИ
  • ВЕСТИ
  • КОНТАКТ

Комеморација за Илинденка Петрушева

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

На 19 септември (петок), со почеток во 13:00 часот, во киносалата на НУ Кинотека на Македонија ќе се одржи Комеморација во чест на Илинденка Петрушева (1944–2025) – филмски критичар, публицист, истражувач, долгогодишен раководител и советник во Кинотеката, основач и уредник на списанието „Кинопис“, и една од најзначајните личности во развојот на македонската филмска култура и историографија општо.

Илинденка Петрушева (4. Август, 1944 – 5. Септември, 2025), остави длабока трага во националната кинематографија со својата повеќедецениска посветена работа во истражувањето, проучувањето, прибирањето, архивирањето, презентацијата и популаризирањето на филмската уметност кај нас. Таа беше дел од самите почетоци на Кинотеката и со своите иницијативи ги постави темелите на филмскиот архив, конкретната кинотечна и архивска практика, филмската кинотечна програма, како и културната дејност од областа на филмот и визуелните уметности – темели и основи на кои што институцијата е создадена, востановена – и кои што Кинотеката ги развива и денес.

Комеморацијата ќе биде можност нејзините колеги, пријатели и почитувачи – како и културната јавност – да се потсетат и да го чествуваат нејзиното големо дело и неповторлив придонес кон македонската култура и филм.

Со почит,

НУ Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија

Кинотека на Северна Македонија е национален филмски архив основан во 1974 година, а неговата цел е собирање, чување, зачувување, обработка, истражување и презентирање на филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго значење, особено за националното филмско наследство.

  • Facebook
  • Twitter
  • YouTube
  • LinkedIn
Брзи Линкови
  • ДОМА
  • ФИЛМОВИ
  • КНИГИ
  • ВЕСТИ
  • КОНТАКТ
Контакт

Адреса: Никола Русински бр. 1

Телефон: + 389 2 30 71 814 + 389 2 30 65 968

Телефон за резервации во киносала: + 389 2 306 59 68;  моб:075 451 424

Факс: + 389 2 30 71 813

E-mail: kinoteka@ukim.edu.mk

Директор: Бошко Грујоски, директор

Раководител на архив: igors@maccinema.com

    Copyright © 2025 ·

    Кинотека на Македонија

    · All rights reserved