Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија

  • ДОМА
  • ФИЛМОВИ
  • КНИГИ
  • ВЕСТИ
  • КОНТАКТ

КАЗАБЛАНКА

1 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
2 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.
27 СЕПТЕМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.

Игран филм, САД
1942, 102 мин. Црно-бел, ДЦП

Режија: Мајкл Кертиз (Michael Curtiz)
Сценарио: Хауард Коч (Howard Koch)
Улоги: Хемфри Богарт, Ингрид Бергман, Питер Лоре (Humphrey Bogart, Ingrid Bergman, Peter Lorre)

Дејствието се одвива за време на Втората светска војна, во градот Казабланка во францускиот протекторат Мароко, кој претставува транзитна точка за бегалците од окупираната Европа. Главниот лик, Рик Блејн (Хемфри Богарт), е сопственик на познатото кафуле „Rick’s Café Américain“, кое служи како собиралиште на различни луѓе – бегалци, шпиони, германски офицери и контрабандисти.
Ситуацијата се комплицира кога во неговото кафуле пристигнуваат неговата поранешна љубов Илза Лунд (Ингрид Бергман) и нејзиниот сопруг Виктор Ласло, лидер на отпорот против нацистите. Илза и Рик имале бурна романса во Париз пред германската окупација, но таа го напуштила без објаснување. Сега, соочен со новиот контекст, Рик мора да избере помеѓу своите лични чувства и поголемата историска и морална одговорност – да помогне Ласло да избега и да продолжи со борбата против фашизмот.
Казабланка е антологиски филм поради совршеното спојување на романтичната драма, политичката интрига и филмската поетика на класичниот Холивуд. Тој е симбол на жртвата, љубовта и херојството во време на глобална криза. Филмот е препознатлив по иконските реплики („Here’s looking at you, kid“, „We’ll always have Paris“) и по незаборавната музичка тема As Time Goes By.
Неговата вредност не е само во мелодраматичната приказна, туку и во тоа што станува метафора за изборите што ги носат луѓето меѓу личното и колективното добро. Токму затоа Казабланка останува антологија на филмското уметничко изразување, пример за вечен филм кој ја надминува својата епоха.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија

Кинотека на Северна Македонија е национален филмски архив основан во 1974 година, а неговата цел е собирање, чување, зачувување, обработка, истражување и презентирање на филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго значење, особено за националното филмско наследство.

  • Facebook
  • Twitter
  • YouTube
  • LinkedIn
Брзи Линкови
  • ДОМА
  • ФИЛМОВИ
  • КНИГИ
  • ВЕСТИ
  • КОНТАКТ
Контакт

Адреса: Никола Русински бр. 1

Телефон: + 389 2 30 71 814 + 389 2 30 65 968

Телефон за резервации во киносала: + 389 2 306 59 68;  моб:075 451 424

Факс: + 389 2 30 71 813

E-mail: kinoteka@ukim.edu.mk

Директор: Бошко Грујоски, директор

Раководител на архив: igors@maccinema.com

    Copyright © 2025 ·

    Кинотека на Македонија

    · All rights reserved